x

Запознајте го LG G6 Plus во новото видео на LG!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јули, 2017 од GSM.mk

Пред само неколку недели LG ја најави поголемата верзија на LG G6, G6 Plus. Да погледнеме што може да очекуваме од него во новото видео:

Најпрво, уредот доаѓа со безжично полнење и нови B&O Play слушалки. Истотака, доаѓа во две нови бои - Optical Marine Blue и Optical Terra Gold. Покрај сето тоа, ја содржи истата IP68 водоотпорност на вода, што значи дека може да го внесете до 1 метар во вода, околу 30 минути, без никаков проблем.


Освен овие промени, го добиваме истиот телефон како G6, но со уште една поголема промена - G6 Plus доаѓа со 6GB RAM, додека оригиналната верзија има само 4GB RAM. Уредот ќе биде претставен овој месец, но сеуште се се знае неговата цена и достапност. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.