x

Запознајте го ненајавениот Huawei Y7 (2018)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Март, 2018 од GSM.mk

Пред неколку дена дознавме дека Huawei ќе претстави нов уред од средната класа со солидни спецификации, познат како Y9 (2018). Денес, компанијата го најави неговиот помал и поевтин брат - Huawei Y7 (2018).

Y7 (2018) изгледа речиси исто со Y9, само што е малку помал. Додека Y9 моделот ќе доаѓа со дуален систем камери, Y7 ќе има една камера на задната страна од 13 мегапиксели. 

За жал, покрај горната фотографија, други детали за уредот не се познати. Од фотографијата, може да забележиме дека скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа на задната страна. Истотака, ќе вклучува 18:9 сооднос, исто како неговиот поголем брат. 

Бидејќи Y9 беше најавен пред неколку дена, наскоро го очекуваме и најавувањето на Y7. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.