x

Запознајте го Нинџа: Стримерот кој заработува милиони долари играјќи „Fortnite“

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Февруари, 2019 од GSM.mk

Најпопуларната видеоигра во светот за некого е само занимација и пополнување време, но за Нинџа тоа е платформа за огромна годишна заработка. Тој за кратко време изгради име како еден од најпознатите стримери на „Fortnite“ и има најмногу следачи на Twitch.

Тајлер Блевинс, многу попознат како Нинџа, во текот на 2018 година успеа да заработи скоро 10 милиони американски долари играјќи видеоигри.

Американскиот 27-годишник Блевинс откри дека 70% од неговите приходи доаѓаат од неговите Twitch и YouTube профили, кои заедно имаат собрано 32 милиони следачи. Остатокот од неговата заработка доаѓа од спонзорите.

Статистиката вели дека во 2018 година Нинџа поминал преку 4.000 часови играјќи ја видеоиграта „Fortnite“, што е еквивалент на 166 врзани денови игра. „Fortnite“ набрзо стана глобален феномен, а дел од нејзината популарност се должи на луѓе како Нинџа, бидејќи неговите следачи почнуваат да ја играат играта за да бидат секогаш во тек со новите случувања во неа.

Тој е убедливо најголемиот и најпопуларниот стример на Twitch платформата, собирајќи преку 225 милиони часови гледан стриминг на оваа мрежа. За споредба, второпласираниот стример има „само“ 99 милиони часови стриминг. Во март минатата година тој се здружи со раперот Дрејк и заедно учествуваа во стрим кој го гледаа 600.000 луѓе.

Неговата популарност растеше заедно со „Fortnite“, игра која на компанијата Epic Games ѝ донесе преку 3 милијарди долари во 2018 година. Во моментов, преку 200 милиони луѓе играат „Fortnite“, а вредноста на Epic Games се проценува на 15 милијарди долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.