x

Запознајте го новиот уред на Sony од средна класа: Xperia 8!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Октомври, 2019 од GSM.mk

Sony Xperia 8 е новиот уред од средна класа на компанијата кој беше најавен во Јапонија.

Иако во моментот не е познато на кои места ќе биде достапен, доколку се појави и во Европа, еве што може да очекуваме од него:

Бидејќи е уред од средната класа, во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 630 со 4GB RAM и 64GB меморија. На задниот дел се наоѓаат две камери од 12 и 8 мегапиксели, додека на предниот дел има камера истотака од 8 мегапиксели. 


Процесорот во внатрешноста е придружен од батерија со капацитет од 2,760 mAh. Истотака, ќе биде достапен во четири бои - црна, бела, сина и портокалова боја. 

Неговата цена е 500 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.