x

Запознајте го Thuraya X5 Touch: Првиот сателитски Android смартфон

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Април, 2018 од GSM.mk

Според Thuraya, X5-Touch е првиот сателитски Android смартфон..

Смартфонот е наменет за луѓе кои често патуваат низ и надвор од телефонската покриеност, така што претставува одличен уред за оние кои работат во влада, претпријатија и невладини организации. Телефонот доаѓа со две SIM картички и способност да ги има вклучено и сателитската и GSM (2G, 3G, или 4G) опција истовремено. 

Од останатите спецификации, работи на Android Nougat и доаѓа со 5.2 инчен дисплеј со full HD (1080p) резолуција. Капацитетот на батеријата не е познат, но Thuraya изјави дека "смартфонот има батерија со голем капацитет, наменета за долги разговори". 

Каде и кога ќе биде достапен сеуште не е познато. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.