x

Зашто ji32k7au4a83 е една од најкористените лозинки во светот?

Категорија: Занимливости Објавено на 16 Април, 2019 од GSM.mk

Живееме во ера каде дигитална безбедност е од големо значење. Поради тоа, лозинките стануваат се покомплексни и поуникатни, комбинирани со персонализирани карактеристики и бројки. Сепак, постојат одредени изрази кои се користат многу често низ светот...

Поради тоа, никого не би го зачудило доколку "ji32k7au4a83" е нечија лозинка, но изгледа дека повеќе од илјада луѓе низ светот всушност ја користат оваа случајна комбинација на бројки и букви како своја лозинка.

Have I Been Pwned е веб-страна која ви дозволува да проверите дали вашата е-пошта е безбедна. Истотака, може да проверите дали одредена лозинка веќе се појавила во системот. Интересно е што компанијата откри дека лозинката "ji32k7au4a83" ја виделе повеќе од 142 пати.

Па, која е причината пеозади ваквата "случајност"?

Всушност, ""ji32k7au4a83" е еден начин на кој можете да напишете "моја лозинка" - барем ако зборувате кинески и користите одредена тастатура.

Zhuyin тастатурата, која најчесто се користи во Тајван, заедно со изреката "моја лозинка" се причината за толку честото користење на "ji32k7au4a83". Луѓето со оваа тастатура треба да напишат ji3 за да го добијат делот "M," 2k7 за "Y", au4 за делот "pass" и a83 за "word".

Ова нека биде мал совет за сите - колку и да мислите дека вашата лозинка е безбедна, секогаш може да ја направите поуникатна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.