x

Зашто Pixel 4 XL е еден од најдобрите телефони за 2019 година?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Ноември, 2019 од GSM.mk

Веќе се појавија голем број жалби против новите Pixel 4 модели. Голем дел од корисниците се жалат од батеријата, цената, меморијата и слично. Но, и покрај тоа, поголемиот Pixel 4 XL е дефинитивно еден од најдобрите флегшип уреди за оваа година:

Pixel 4 XL има листа на т.н "скриени спецификации" кои го прават да биде подобар од што изгледа и звучи. 

Првото нешто што ќе забележите кај Pixel 4 XL е одличниот дисплеј. Има 6.3 инчен OLED панел со резолуција од 1440 x 3040 пиксели, но да бидеме реални, секој втор телефон има OLED екран. Тоа не е тоа што го прави посебен. Кај 4 XL, Google има посветено големо внимание на репродукцијата на боите - белите нијанси се совршено балансирани, a останатите бои се впечатливи, особено неонските нијанси со кои имаат проблем голем дел од смартфоните. 

Друга добра карактеристика кај уредот е неговата брзина. Повторно, речиси секој телефон оваа година доаѓа со Snapdragon 855 и додека сите имаат слични бенчмаркинг резултати, не значи дека реалното искуство со нив е одлично. Google има применето еден од најдобрите Android системи кај Pixel 4 серијата со одлични позадински оптимизации кои во комбинација претставуваат одлично корисничко искуство. 

Pixel 4 XL bashing misses the big picture: here is why I think this is the best Android phone of 2019

Во однос на дизајнот, како и кај секој друг уред, нема точно мислење за тоа дали е добар или не. Овој пат Google реши да користи боја само во една нијанса, а системот камери е со ист дизајн како новите iPhone модели. На дел од корисниците ова им се допаѓа, а на дел не.

Се разбира, покрај се горенаведено, Pixel 4 серијата дефинитивно можела да биде подобра - поинтересни камери, поголема батерија, повеќе меморија, пониска цена и слично. Но, истото може да се каже и за било кој друг смартфон. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.