x

Зашто snooze на iPhone трае точно 9 минути?

Категорија: Занимливости Објавено на 24 Септември, 2017 од GSM.mk

Ако користите или некогаш сте користеле iPhone знаете дека по притискање на „snooze“ на алармот, добивате уште 9 минути можност за спиење, односно додека повторно се вклучи алармот.

Па зошто баш 9 минути? Зошто не се 10 или 5 минути? Според Businness Insider причината за 9 минути е начин на одавање почит или омаж од страна на Apple, за историјата и традицијата на часовниците.

Имено, порано, „snooze“ на алармот на механичките часовници работел во интервали од 9 минути бидејќи со цел да функционира оваа опција, копчето било поврзано со дел од часовникот што ги контролира минутите. Па најлесен начин да се добие „snooze“ е да им се даде најдолгото време на луѓето да спијат до следниот „snooze“, а тоа е 9 минути.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.