x

Збогум PlayStation3

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Март, 2017 од GSM.mk

Можеби не беше толку успешна како што очекуваше Sony, бидејќи ја наследи конзолата PlayStation2 и имаше силна конкуренција, но PlayStation3 има култен статус.

После повеќе од 11 години потоење, легендарната PlayStation3 наскоро ќе престане да се произведува.

Оваа порака стои на официјалната веб-страница на PlayStation во Јапонија, каде покрај моделот PlayStation3 од 500GB (единствениот што уште се произведува), стои порака дека „наскоро ќе престане испораката на оваа конзола“.

Според неофицијални информации, производството на конзолата PS3 ќе заврши заклучно со месецов.

PlayStation3 се појави во 2006 година и досега се продадени над 85 милиони единици ширум светот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.