x

ZenFone 3 Zoom на Asus доаѓа со две камери и голема батерија!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Јануари, 2017 од GSM.mk

Познати се нови спецификации за најновиот уред на Asus, ZenFone 3 Zoom!

Главната спецификација која го прави ZenFone 3 Zoom посебен е дефинитивно неговата камера. На задната страна има главна, 12 мегапикселна камера и 12 мегапикселна секундарна камера со 2.3X zoom леќа. Ваквата карактеристика сигурно ве потсеќа на новиот уред на Apple, iPhone 7 Plus. Asus истотака има додадено и Portrait Mode кој доаѓа подоцна, со update на софтверот.

 Уредот има 5.5 инчен AMOLED дисплеј и селфи камера од 13 мегапиксели. Ќе работи на Snapdragon 625 и Android 6 Marshmallow. Батеријата е од 5000mAh и трае 6.4 часа при снимање на 4K видеа. Доаѓа во црна, сива и златна варијанта.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.