x

Згоден италијански доктор стана нова Instagram сензација

Категорија: Забава Објавено на 29 Ноември, 2018 од GSM.mk

Докторот Џовани Анџолини стана хит на интернет, а италијанските медиуми го прогласија за најпосакуван доктор во светот. Не знаеме како лекува, но изгледа феноменално.

Џовани е висок 186 сантиметри и има 80 килограми, завршил медицина и е специјалист за ортопедија и трауматологија. Тој е многу популарен на Instagram, каде го следат повеќе од 274.000 луѓе.

Иако има предиспозиции да стане модел, сепак одлучил да се посвети на медицината и набргу ја започнал кариерата на ортопедски хирург. По двегодишна врска со Мари Фалкониери, Џовани сега е во врска со Нивес Болос, Instagram ѕвезда и фитнес инструкторка.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.