x

Зошто Apple часовниците секогаш го покажуваат истото време?

Категорија: Занимливости Објавено на 16 Јануари, 2018 од GSM.mk

Пред официјалното претставување, Apple ги објави виртуелните прототипи за Apple Watch кои беа искористени за рекламите, а на сите нив е истото време - односно 10:09 часот.

Како и со секој друг потег на гигантот, и овој пат се појавија теории зошто е така постапено, односно зошто е избран токму тој термин.

Според едната теорија, тоа е интерна шала на Apple со која алудираат дека се побрзи од конкуренцијата, односно од целата индустрија за часовници, која традиционално ги покажува часовниците на 10:10 (Rolex 10:10:31, TAG Heuer 10:10:37, Timex 10:09:30). Компаниите го одбираат тоа време заради прегледноста на часовникот и видливоста на логото.

Според втората теорија која доаѓа од блогерот Дејв Марк, кој е специјализиран за Apple производите причината е желбата за демонстрација на дизајнерската перфекција која е синоним за Apple.

Според него, 10:10 ја прекрива бројката 2 и постигнува симетрија која не е подеднакво атрактивна како и 10:09.

Одговорот сигурно постои, со оглед на тоа дека компанијата потврди дека приказот на времето 09.41 на рекламите за iPhone е посветено на моментот кога Стив Џобс за првпат го претстави овој смартфон во 2007 година.

Додека Apple  има 10:09 на својот часовник, на уредите на HTC, времето покажува една минута помалку. Кај аналогните часовници, во тој момент стрелките се во совршена симетрија.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.