x

Зошто бизнисмените и политичарите користат стари модели на телефони?

Категорија: Занимливости Објавено на 09 Мај, 2017 од GSM.mk

Во време кога самата најава за нов смартфон, предизвикува редици пред продавниците, за некои е необично што влијателни бизнисмени и извршни директори користат навистина стари модели на телефони, пишува Entrepreneur.

Од сите стари модели има еден кој особено се издвојува и е омилен. Станува збор за Nokia 6310 кој веќе некое време не се ни произведува. Според Financial Times, помеѓу дел од оние кои го користат овој модел се наоѓаат претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, британскиот бизнисмен Филип Грин кој е главен извршен директор на Arcadia Group, како и Џулијан Данкертон, ко-основач на SuperGroup и човек кој во рок од една година го зголеми своето богатство за 280 милиони фунти.

Па тогаш, зошто вака значајни и богати личности се држат за застарена технологија кога на дофат имаат толку напредни телефони?

Една од причините е што Nokia-та е направена за да трае - тешко е да ја оштетите и има долга издржливост на батеријата. Исто така, помалку опции значат и помала поврзаност, што на овие луѓе им е предност, бидејќи не им го одзема фокусот.

„Со Nokia 6310 не сум бомбардиран со мејлови секоја минута, така што можам да се концентрирам на суштинските работи“ - изјави Данкертон за Financial Times.

Излегува дека поседувањето на стар мобилен телефон е и статусен симбол, кој на соработниците им праќа јасна порака дека не планирате да одговарате на мејлови на секои 10 минути.

Оној што е заинтересиран на eBay може да најде стари модели на Nokia 6310, кои се продаваат по цена од 44 до 64 долари.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.