x

Зошто буквите F и Ј имаат цртички над нив на тастатурата?

Категорија: Занимливости Објавено на 23 Септември, 2017 од GSM.mk

Веројатно до сега сте забележале дека под буквите F и J на вашата тастатура се наоѓаат мали испакнатини или цртички. Зошто е ова вака?

Овие цртички се додадени за корисниците да можат полесно да ги лоцираат точните букви без потреба да гледаат во тастатурата и да ги наместат рацете во оптимална положба.

Додека вашите показалци се наоѓаат на овие две букви со испакнатини, левата рака ги покрива A,S,D и F, додека десната ги покрива J, K, L и интерпункциските знаци.

Испакнатините на буквите ги смислила Џун Ботиш, за да ја зголеми брзината и точноста при пишувањето.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.