x

Зошто е важна опцијата блок на сите онлајн платформи

Категорија: Занимливости Објавено на 05 Мај, 2017 од GSM.mk

Ако сте поминале низ сурово раскинување, вознемирување или несакано внимание онлајн, позната ви е опцијата блок.

На мејнстрим социјалните мрежи како Facebook, Instagram и Twitter постапката е проста и едноставна. Кога ќе блокирате некого, спречувате да влезе во онлајн интеракција со вас. Точка. Очигледно е кои се предностите на опцијата.

Меѓутоа, онлајн вознемирувањето не е ограничено на мејнстрим платформите. Има бројни апликации што не се традиционално „социјални“, но содржат такви компоненти, како Spotify, Etsy, Fitbit и Airbnb. Ако корисниците можат да се контактираат едни со други преку пораки, има можност за вознемирување.

Има бројни случаи во кои луѓе ги контактирале поранешните партнери преку овие платформи, им праќале пораки со вознемирувачка содржина, или им оставале недолични пораки на професионалните профили.

На комерцијалните платформи како Etsy или Airbnb, и клиентите и продавачите се изложени на ризик од онлајн вознемирување или малтретирање. Иако овие платформи имаат кодекс на однесување, тоа не е алатка за спречување на такво однесување.

Заканите, заплашувањата, недоличните коментари и вознемирувањето може да имаат последици по психичкото здравје на корисниците, но и да се одрази на нивната работа ако ваквите коментари ги добиваат јавно на нивните професионални профили.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.