x

Зошто не треба да гледате порно преку мобилен?

Категорија: Занимливости Објавено на 13 Септември, 2017 од GSM.mk

Има добра причина за тоа. Според најновото истражување на компанијата Wandera во Лондон, луѓето кои гледаат порно на нивните смартфони се во далеку полоша ситуација од оние кои гледаат вакви содржини преку компјутер.

Причината е едноставна: смартфоните, таблетите и сличните гаџети, посебно оние со Android оперативен систем, не се доволно безбедни и ризикот да „закачите“ вирус или да се изложите на опасност од кражба на личните податоци, ако гледате порно на овие уреди, е значително поголем, отколку кога гледате порно преку компјутер, лаптоп или PC.

Компанијата Wandera анализирала голем број порнографски сајтови, што се сметаат за „расадници“ на вируси и malware софтвер, и дошла до заклучок дека една четвртина од сите вируси и malware софтвери доаѓа од порно страници.

Компјутерите главно се заштитени од вакви напади, додека Android уредите и ругите мобилни уреди имаат низа безбедносни пропусти кои вирусите и malware програмите лесно може да ги заобиколат и потоа да се „вгнездат“ во вашиот уред.

Симптомите на заразениот телефон може да бидат различни, но ако батеријата ви трае пократко, брзо ви се троши мобилниот интернет, одеднаш добивате необично многу спам мејлови и во менито на телефонот ви излегуваат реклами, тоа значи дека вашиот телефон сигурно е заразен со со некаков тип на мобилен вирус.

Според погоре спомнатото истражување, 40 од 50 сајтови со порнографски содржини имаат вируси или malware софтвери во некаков облик, а утврдено е дека има повеќе од 200 начини на кои креаторите на овие вируси ги извлекуваат податоците од уредите на наивните корисници.

Затоа, следен пат кога ќе сакате да изгледате порно, потрудете се тоа да биде пред компјутер, а не преку телефон или таблет.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.