x

Зошто не треба да го оставате телефонот на полнач цела ноќ?

Категорија: Совети Објавено на 30 Септември, 2017 од GSM.mk

Батеријата на телефоните ни трае едвај до крајот на денот, а обично „откажува“ баш кога треба да се јавите некаде или ви стигнала важна нотификација.

Откако максимално ќе ги исцрпиме, ги оставаме телефоните да се полнат цела ноќ. Но, има добра причина зошто оставањето на телефонот на полнач цела ноќ ќе направи поголема штета отколку корист на батеријата.

Приклучувањето на телефонот во струја во текот на цела ноќ ја намалува долготрајната способност на батеријата брзо да се наполни.

Ако го полните телефонот ноќе тоа значи дека уредот е на полнач три до четири месеци годишно. Колку и да се поквалитетни батериите, тоа сепак го намалува капацитетот на батеријата со тек на време, вели Хатем Зејн, основач на компанијата за безжично полнење Ossia.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.