x

Зошто не треба да го оставате вклучен рутерот цел ден?

Категорија: Совети Објавено на 29 Октомври, 2019 од GSM.mk

Кога размислувате за тоа кои се најголемите потрошувачи на струjа во вашето домаќинство, најверојатно никогаш не ви паднал на памет рутерот за поврзување на интернет.

Меѓутоа, ако го оставате вклучен по цел ден ќе потроши струја колку еден просечен фрижидер, велат експертите на германската Агенција за заштита на животната средина.

Токму затоа треба да ја проверите енергетската ефикасност на рутерот пред да го купите, за да се уверите дека има најмала можна потрошувачка на струја кога е вклучен и во stand-by mode.

Енергетската ефикасност на рутерот е посебно важна ако не може да го исклучувате уредот во случај со него да се служи и телефонската линија.

Во тој случај се советува да побарате рутер што има опција за исклучување на Wi-Fi кога не го користите.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.