x

Зошто телефонот не треба да го полните преку ноќ?

Категорија: Занимливости Објавено на 30 Април, 2017 од GSM.mk

Доколку сте корисник на „паметните“ телефони запознајте се со проблемот на брзото празнење на батеријата и потребата истата да ја полните еднаш во текот на 24 часа.

Најчест и најлесен начин е да го ставите телефонот на полнач во текот на ноќта, но дали тоа е најпаметната опција, бидејќи на тој начин уредот е вклучен многу подолго отколку што би требало.

Првата добра работа е дека енергетската ефикасност на полначот и телефонот значајно е подобрена во последните неколку години и тоа благодарение на Интернационалната енергетска агенција (IEA). Имено, полначот кога е вклучен во струја, без телефон на него троши помалку од половина вати на електрична енергија. Тоа значи дека еден таков полнач на година дена може да истроши струја колку што е потребно да се загрее еден болјер.

Кога ќе се вклучи телефонот потрошувачката на енергија во просек доаѓа до 3,6 вати, а спаѓа на 2,24 вати кога батеријата на телефонот се наполни. Со тој податок цената на полнење преку ноќ станува значајно поголема, бидејќи телефонот се полни минимум четири часа без потреба.

Новите „паметни“ телефони доаѓаат со единствени, оригинални полначи кои спречуваат да не дојде до некоја несреќа во моментот батеријата на уредот ќе биде 100 одсто полна. Исто така, држењето на телефонот на полнач подолго отколку што треба и штети и на самата батерија и го намалува траењето на батеријата. Не премногу, но во ситуација кога неколку проценти прават разлика, тоа може да биде проблем.

Воедно, модерните литиум-јонски батерии „не сакаат“ кога се полни 100 одсто, туку во најдобар случај би било добро кога корисникот би можел да наполни 98 или 99 одсто кога би го продолжил нивниот работен век. Кратките дополнувања се најдобри решенија.

Извор: Think.mk

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.