x

Зошто треба да внимавате кои податоци ги внесувате на Google?

Категорија: Совети Објавено на 16 Ноември, 2019 од GSM.mk

Многу луѓе забораваат дека Google е онлајн платформа со помош на која ги наоѓаме страниците кои ни ги даваат потребните информации. Google нема сопствена содржина, па она што го пребарувате не мора да значи дека ќе биде вистинито и точно.

Веб страницата Gadgets Now открива неколку работи кои никогаш не треба да ги пребарувате на Google.

Е-банкарство

На Google постои мноштво од лажни страници за онлајн банкарство, затоа ве советуваме да не ја гуглате адресата преку пребарувачот, туку да ја запомните. Секогаш внимавајте дали сте на официјалниот сајт за да не ја нарушите вашата безбедност. Во спротивно, веројатноста дека ќе ви ги украдат личните податоци е многу голема.

Броеви на компанијата

Една од најпопуларните онлајн малверзации е објавување на лажни страници на компанијата и контакт броеви од корисничката служба.

Лекови и симптоми

Google дефинитивно не е вистинското место за барање на соодветните лекови. Gadgets Now советува да се консултирате со вашиот лекар и да не верувате на потенцијалните информации на интернет. Исто така, опасно е да купувате таблети на основа на сопствената проценка.

Медицински совети и лечење

Исто како и за таблетите, доколку сте болни, одете на лекар. Исто кога станува збор и за диета. Секој човек има различен организам, па затоа диетата треба да ви ја состави нутриционист на база на вашето здравје од претходно направените истражувања.

Финансиски совети

Google не е идеално место за барање совети за лични финансии и влогови. Советувајте се со економист, во банка.

Реклами

Лажните интернет страници кои нудат т.н реклами се многу чести на Google. Станува збор за уште еден пример кога луѓето се лажат за атрактивни цени, па кликаат на сајтовите кои можат да им ги украдат податоците за е-банкарството.

Бесплатни антивируси

Gadgets Now советува да не барате програми за бесплатни антивируси на Google. Тие сајтови обично се извор на вируси па, наместо да си го заштите телефонот ќе направите дополнителни проблеми.

Официјални сајтови на министерства

Секогаш одете директно на страницата на министерството, владата и државните органи доколку ве интересираат некои информации за даноците, болничките услуги, новите закони и слично.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.