x

ZTE Axon 11 5G: Уред од средна класа со премиум карактеристики!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Март, 2020 од GSM.mk

Како што беше очекувано, ZTE го претстави својот нов 5G уред - Axon 11:

Иако мислевме дека ќе биде буџетски уред, Axon 11 е всушност уред од средна класа кој има неколку премиум спецификации. Како што кажува неговото име, Axon 11 е 5G смартфон кој работи на Snapdragon 765 со 6GB RAM и 128GB меморија. Најскапиот Axon 11 модел доаѓа со 8GB RAM и 256GB меморија. 

На задниот дел на уредот се наоѓа систем од четири камери од кои главната е од 64 мегапиксели, со 8 мегапикселна ултраширокоаголна, 2 мегапикселна за портрети и 2 мегапикселна макро камера.

На предниот дел има 6.5 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели, а скенерот за отпечатоци е сместен под панелот. Батеријата е од солидни 4000 mAh. 

Цената на Axon 11 5G е 380 долари во Кина. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.