x

ZTE Blade V9 ќе биде претставен на крајот од месецот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Февруари, 2018 од GSM.mk

Новиот Android смартфон на ZTE, кој требаше да биде најавен во јануари, ќе биде претставен на крајот од овој месец, за време на MWC 2018 настанот..

ZTE Blade V9 ќе биде најевтиниот Andorid смартфон во Америка кој ќе доаѓа со 18:9 сооднос. Бидејќи ZTE го најави уредот на својата веб-страна, веќе знаеме дел од неговите спецификации.

Budget-friendly ZTE Blade V9 to be unveiled at MWC 2018 before launching in the US


Blade V9 ќе доаѓа со 5.7 инчен дисплеј, резолуција од 1,080 x 2,160 пиксели, и како што рековме, 18:9 сооднос. И покрај ниската цена, уредот ќе доаѓа со дуален систем камери, од 16 и 5 мегапиксели, а селфи камерата ќе биде од 13 мегапиксели. Во внатрешноста, ќе се наоѓа Qualcomm Snapdragon 450 просесор, со повеќе RAM варијанти: од 2,3 и 4GB. 

Неговата цена официјално ќе биде откриена за време на претставувањето.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.