x

ZTE претстави смартфон на преклоп со два дисплеи

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Октомври, 2017 од GSM.mk

Кинескиот производител ZTE го претстави Axon M, својот нов смартфон со два дисплеи кој се преклопува на пола.

Двата дисплеи на Axon M заедно чинат паметен телефон со две страни кој се отвора како книга. Производителот го опишува како „нова категорија смартфони” кои нудат разноликост и моќ во куќиште со приближно иста големина како и било кој друг просечен смартфон. Кога ќе се преклопи, нормално.

На двата дисплеи нуди неколку начини на работа. Dual овозможува самостојна работа на секој од дисплеите. Extended го претвора во таблет компјутер, Traditional во класичен смартфон, а Mirror во огледало.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.