x

ZTE припрема телефон со 5G за 2019 година!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јануари, 2018 од GSM.mk

ZTE целосно се фокусира на телефонскиот бизнис во Америка. Откако изјави дека ќе го прошири своето портфолио смартфони во државата, компанијата најави уште неколку изненадувања..

Главниот извршен директор на ZTE, Lixin Cheng, потврди во интервју за Bloomberg дека компанијата планира да претстави смартфон со 5G способности во Америка, при крајот на 2018 или почетокот на следната година. 

Се разбира, компанијата може ќе ги промени своите планови, во зависност од тоа како се развива 5G технологијата во иднина. Cheng изјави дека покрај 5G смартфон, ZTE планира да претстави и таблет со исти способности. 

Останува да видиме дали ZTE навистина ќе биде првата компанија која ќе претстави 5G смартфон во Америка.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.