x

ZTE Quartz: Нов паметен часовник!

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 08 Февруари, 2017 од GSM.mk

Претходниот месец, за време на CES 2017, ZTE потврди дека работи на првиот паметен часовник. Сега според Venture Beat, името на часовник е ZTE Quartz и можеме да го погледнеме неговиот изглед и карактеристики..

Часовникот доаѓа со 3G, па немора да го користите вашиот телефон за да одговарате на повици. Истотака, ZTE изјави дека уредот ќе има долготрајна батерија и ќе биде достапен преку позната американска компанија. 

Quartz ќе работи на Android Wear 2.0, најновата верзија на оперативниот систем на Google која официјално ќе биде претставена следната недела, кога ќе биде најавена новата генерација паметни часовници (вклучувајќи и модели на LG). 

Интересно е што ZTE има телефон под истото име, Quartz, која е достапен веќе две години. Паметниот часовник ќе биде претставен за време на MWC 2017 на крај од овој месец.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.