x

10 најинтересни факти за Android! (vol.1)

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 08 Октомври, 2015 од GSM.mk

Денешниот најпопуларен мобилен оперативен систем на планетата сите го знаеме, но дали сте запознаени и со неговата историја? Еве 10 интересни факти за платформата на Google...

1. Google не го создаде Android

Иако Google и Android во денешно време се синоними, сепак ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека Android не е создаден од американскиот гигант. Во 2003-та година, оперативниот систем е создаден од страна на Andy Rubin, Rich Miner, Nick Sears и Chris White. Google го купи оперативниот систем дури во 2005-та година.

2. Критичарите не веруваа дека Android ќе успее!

Иако денес е достапен на 85% од паметните телефони, во 2007-ма и 2008-ма година, ретко кој му придаваше значење на Android. Во дебата за мобилни уреди во 2008-ма година, претставник на Pandora изјави дека нема причина зашто да дискутираат за Android, на никого не му е гајле!


3. Првиот Android прототип изгледаше како Blackberry

Многумина веруваат дека доколку не се појавеше iPhone, Android телефоните ќе изгледаа многу поинаку. Првиот прототип на Android уред, претставен во 2007-ма година, поседуваше QWERTY тестатура, посебни копчиња за повици и trackpad во средина на телефонот. 

4. Android 1.0 и 1.1 немаа име според десерт

Веќе долго време, Google го „заблажува“ името на Android со популарни десерти. Сепак, првичната верзија на Android (1.0) често беше нарекувана Alpha или Astro Boy. Веројатно денес, верзиите би ги носеле имињата Apple Pie и Banana Split.

5. Android 3.0 е единсвената верзија која не работеше на паметни телефони

Во 2015-та, Android работи на секакви уреди, почнувајќи од телефони, таблети, часовници, автомобили, телевизори итн. Во 2010-та година, откако Apple го претстави првиот iPad, Android производителите сакаа да се приклучат на забавата со свои уреди.  Со тоа, во 2011-та година се појави Motorola XOOM таблетот, со инсталиран Android 3.0 Honeycomb, кој работеше исклучиво на таблет уреди.

Очекувајте ги останатите 5 факти во наредните денови!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.