x

19 iPhone модели добиваат iOS 15

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 24 Септември, 2021 од GSM.mk

iOS 15 носи значителен број иновации и поправки на грешки за Apple уредите.

И додека конкурентите од Android можат само да стојат настрана и да гледаат што прави Apple, кој ажурира на најновиот софтвер iOS 15 скоро 20 уреди стари до пет години, се надеваме дека нема да има пречки како претходните години кај одредени модели.

Компанијата на 20 септември ќе објави надградба на iOS 15 за сите сопственици на iPhone поддржани модели и ќе им овозможи да го користат најновиот софтвер.

Пред ажурирањето, секој iPhone, како и iPad или Apple Watch, треба да се направи бекап и да се направат резервни копија барем на пораките, мултимедијата и важните датотеки, бидејќи, нели, подобро е да се спречи отколку да се лечи.

Ажурирањата на софтверот на Apple за iOS 15, iPad OS 15 и watchOS 8 доаѓаат неколку дена пред првите испораки на новиот модел iPhone 13, кои поради необјавени работи во некои верзии ќе доцнат кај клиентите.

Ако ажурирањето не се појави во вашите известувања, следете ја патеката: Settings >General >Software Update, каде што треба да имате информации за ажурирањето. Следете ја постапката и инсталирајте го новиот софтвер, но не пред да направите резервна копија од вашите податоци.

Список на iOS 15 поддржани уреди:

  • iPhone 6S и 6S Plus
  • iPhone SE (прва генерација)
  • iPhone 7 и 7 Plus
  • iPhone 8 и 8 Plus
  • iPhone R и iPhone X
  • iPhone XS и XS Max
  • iPhone 11
  • iPhone 11 Pro и 11 Pro Max
  • iPhone 12 mini и iPhone 12
  • iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max
  • iPhone SE (2020)
  • iPod touch (седма генерација)

Дали вашиот iPhone е на iOS 15 листата?



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.