x

2018 Apple iPhone моделите ќе доаѓаат со побрзо полнење!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Јуни, 2018 од GSM.mk

Според аналитичарот Jun Zhang, новите iPhone модели ќе доаѓаат со повеќе подобрувања, меѓу кои е и побрзото полнење..

Според аналитичарот, Apple ќе користи 9V 2A и 5V 3A системи за полнење, наместо досегашниот 5V 2A. Снабдувачот на чиповите ќе биде Power Integrations - компанија која ќе ги замени ON Semiconductor и NXP Semiconductors како "досегашните главни снабдувачи на iPhone и iPad."

Покрај тоа, моделот кој ќе доаѓа со 6.1 инчен LCD дисплеј, сега за сега познат како iPhone 9, ќе користи Texas Instruments, наместо Broadcom компоненти, за да обезбеди безжично полнење. Zhang вели дека промената е направена за Apple да заштеди пари во овие предели.

Последно, аналитичарот смета дека Apple ќе има уште поголема iPhone продажба оваа година од минатата, благодарение на трите нови модели. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.