x

2018 iPad Pro: Смалени рамки и iPhone X дизајн

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 03 Август, 2018 од GSM.mk

Додека сето внимание е насочено кон новите iPhone X верзии, кои ги очекуваме во септември, деновиве се појавија информации за карактеристиките на 2018 iPad Pro моделите..

Според информациите, новите iPad модели ќе доаѓаат со значително смалени рамки околу дисплејот, а дел од нив ќе имаат дизајн на дисплејот како iPhone X. Сега за сега, очекуваме два нови таблети од Apple - поголемиот вклучува 12.9 инчен панел, а помалиот има 10.5 инчен дисплеј. 

Новите таблети на Apple ги очекуваме во втората недела од септември, на годишниот есенски настан на компанијата. На него, покрај новите таблети, Apple ќе претстави три нови iPhone уреди, како и новите Apple Watch Series 4 паметни часовници. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.