x

2019 iPhone: Нова селфи камера, широкоаголна леќа и многу повеќе!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Април, 2019 од GSM.mk

2019 iPhone серијата веќе изгледаше доста ветувачки, но аналитичарот Ming-Chi Kuo сподели нови детали за неа кои ја прават уште поинтересна..

Веќе неколку месеци се зборуваше дека iPhone XI Max ќе доаѓа со систем од три камери, но сега Ming-Chi Kuo сподели малку повеќе детали за неговите спецификации.

Како и досегашните модели на Apple, iPhone XI и XI Max ќе имаа главна камера, заедно со телефото алтернатива. Во однос на резолуцијата, ќе доаѓаат со 12 мегапиксели, исто како iPhone XS.

Alleged iPhone XI prototype design

Кога сме веќе кај резолуцијата, и третата камера ќе биде од 12 мегапиксели, а истотака ќе има и широкоаголна леќа. За производството на третата камера ќе се погрижи Sony. Постоењето на широкоаголна леќа значи дека Apple нема да вметне и Time-of-Flight сензор, како што се зборуваше претходно.

На предната страна, камерата истотака ќе биде подобрена. Веќепостоечкиот сензор од 7 мегапиксели ќе биде заменет со леќа од 12 мегапиксели. Инаку, системот од задната страна ќе се наоѓа во горниот лев агол.

Како и секоја година, претставувањето на новата iPhone серија го очекуваме во септември.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.