x

2019 ќе биде година на телефоните со 48 мегапикселни камери

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Декември, 2018 од GSM.mk

Sony и Samsung пред неколку месеци најавија дека работат на телефони со камера од 48 мегапиксели, а американските медиуми веќе почнаа да „ископуваат“ детали за овие уреди.

Од компанијата Honor беше најавено дека нивниот нов модел View 20 ќе користи сензор на камерата ист како оној на моделот на Sony и ќе биде опремен со процесорот на Huawei - Kirin 980.

Honor View 20 е наследник на моделот View 10, кој доби прилично позитивни критики минатата година и покрај достапната цена по која се продаваше. Од компанијата решија да не ги споделат деталите околу новиот уред, но најавија дека официјалното претставување ќе биде на 22 јануари во Париз. Она што беше најавено е дека View 20 ќе биде супериорен во однос на спецификациите и дизајнот во однос на неговиот претходник.

Во меѓувреме, од Xiaomi беше најавено дека нивната понуда ќе се зголеми за уште еден смартфон во наредните месеци и тој ќе има 48-мегапикселна камера. За разлика од Honor, тие не објавија фотографија од целиот телефон, туку само решија да ја прикажат „легендарната камера“ од 48 мегапиксели.

Сепак, американските медиуми најавуваат дека не треба да се залетуваме пред да излезат овие уреди, бидејќи понекогаш спецификациите можат да дадат лажен впечаток. За да се увериме во вистинскиот квалитет на фотографиите кои ги прават овие камери со 48-мегапикселни сензори ќе мора да почекаме додека телефоните да се појават на пазарот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.