x

25PP: Квалитетна и брза алтернатива за Installous

Категорија: Софтвер // Туторијали Објавено на 07 Април, 2013 од GSM.mk

Една од предностите на џејлбрејкот е што можеме да користиме пиратски апликации на нашите омилени Apple уреди, односно iPhone, iPad и iPod. За жал, со згаснувањето на Installous, стана многу потешко да симнуваме пиратерија на iOS..

Кинезите смислија одлична алтернатива. Апликацијата е наречена 25PP и можете да ја симнете преку Cydia. Таа ви нуди можност директно да симнувате апликации за iOS, без потребата да се „занимавате“ со надворешни линкови, односно не ве пренасочува кон посебни страни за симнување кои бараат од вас да чекате по 30 до 40 секунди.

Апликациите како Appcake и vShare ја вршат задачата, но симнувањето преку нив оди премногу бавно. 25PP ви овозможува да симнувате со големи брзини, односно колку што подржува вашата Интернет врска!

За да ја инсталирате 25PP, следете ги следните чекори:

1.Отворете ја Cydia

2. Одете во Sources > Edit > Add Source

3. Додајте го следниот извор: http://apt.25pp.com

4. Кликнете на изворот и ќе видите повеќе апликации, 25PP е последната од понудените.

5. Инсталирајте ја и спремни сте да почнете да ја користите!

Мора да напоменеме дека има еден мал проблем. Имено, апликацијата е целосно на кинески јазик! Не очајувајте, бидејќи вклучени се икони според кои јасно можете да диференцирате каде се симнатите апликации, каде можете да правите апдејти и каде можете да пребарувате апликации. 

ВАЖНА НАПОМЕНА: При селектирање на одредена апликација, ќе ви се појават 3 опции/копчиња. Најлевото копче е тоа преку кое можете да ја симнете селектираната апликација.

Уживајте во оваа брза алтернатива на Installous и во користењето на вашите iOS уреди.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.