x

3 најдобри Android игрици кои излегуваат годинава

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 29 Септември, 2022 од GSM.mk

Подгответе се, најдобрите преносни игрици допрва ќе излезат оваа година.

Во 2022 година, гејмерите имаа можност на нивните паметни телефони да уживаат во новите игрици како „Apex Legends Mobile“ и „Diablo Immortal“. Очекувањата одговараа на финансискиот успех на овие игрици, но тоа не значи дека тие се најдобрите што ќе ги видиме годинава - напротив, веруваме дека најдоброто допрва доаѓа.

Ви претставуваме три игрици кои треба да се појават годинава, а кои со нетрпение ги очекуваме:

Rainbox Six Mobile

Ако сте ја играле „Rainbow Six Siege“, сигурно сте среќни поради објавувањето на џебната верзија на оваа игрица. Ако не сте, тогаш е вистинско време да видите зошто оваа игрица го освои светот.

„Rainbox Six Mobile“ го помина алфа тестирањето и моментално е во затворена бета верзија во одредени земји. Ubisoft потврди дека игрицата ќе излезе во 2022 година за Android и iOS, а доколку се регистрирате сега, имате шанса да бидете дел од есенскиот бета тест.


Torchlight: Infinite

Ако сакате игрици како „Diablo Immortal“, тогаш „Torchlight: Infinite“ ќе биде игрицата за вас. Колку сериозно беше сфатен развојот на игрицата покажува фактот дека Дејвид Бревик, креаторот на „Diablo“ игриците, беше ангажиран да го надгледува целиот процес.

„Torchlight“ веќе помина неколку затворени тестови, а доколку сакате сами да ја пробате игрицата, регистрирајте се за да можете да пристапите до отворениот бета тест на 12 октомври.


Battlefield Mobile

Electronic Arts годинава го носи „Battlefield Mobile“ на уредите со Android. Игрицата ќе биде бесплатна, а компанијата ветува дека микротрансакциите ќе бидат ограничени на козметички додатоци.

Ветераните од популарната франшиза ќе бидат пречекани од познатото „Battlefield“ опкружување, но и некои новитети. Режимот за освојување е потврдено дека е во игрицата, вклучувајќи ексклузивни режими направени за преносливи уреди.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.