x

4 алтернативи за Facebook Messenger!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 21 Мај, 2016 од GSM.mk

Пред неколку месеци, Facebook направи драстични промени кај својата мобилна апликација. Поточно, целосно ја тргна можноста за комуникација со вашите пријатели и оттогаш морате да ја користите посебната Messenger апликација...

Доколку сте еден од многуте на кои не им се допадна овој потег на Facebook, тогаш ви предложуваме 4 алтернативи:

1. Trillian

Оваа апликација ги поддржува најпопуларните сервиси како Facebook Chat, MSN, Google Talk, AIM и други. Сите ваши разговори се синхронизираат а платформата, а постојат и голем број на други дополнителни опции. На пример, доколку сте на вашиот компјутер, апликацијата автоматски ги гаси нотификациите на мобилниот уред, рачунајќи дека веќе сте ја виделе пораката.

Симнете ја: Android | iOS

2. AIM

Оваа апликација веќе подолго време е со нас и сеуште функционира на пазарот. Апликацијата ги поддржува AIM, Facebook и Google мрежите, а имате опции како групни разговори, споделување на фотографии, апдејти од социјалните мрежи и „Off the record“ мод.

Симнете ја: Android | iOS

3. BeejiveIM за Facebook Chat

Beejive беше првата компанија која издаде апликација посветена на Facebook chat. Оваа апликација е целосно направена за Facebook зависниците, со Push нотификации, споделување на податоци, повеќе профили, персонализација, зачувување на логови и слично.

Симнете ја: Android | iOS

4. IM+

Сакате да поседувате се? Тогаш ова е апликацијата за вас - поддршка за Facebook,MSN/Live Messenger, Google Talk, Yahoo!, AIM/iChat, ICQ, RenRen, Jabber, MeinVZ, Gadu-Gadu, mig33, SINA Weibo, Fetion, Mamba.Ru, VKontakte, Odnoklassniki.Ru, Yandex IM и Mail.Ru Agent.

Дополнително, имате групни разговори, повеќе профили, гео-пораки и слично. Апликацијата не е перфектна, но ви нуди голем број на можности!

Симнете ја: Android | iOS

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.