x

4 најдобри акциони игри за Android!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 23 Ноември, 2015 од GSM.mk

Доколку сакате забава на вашиот телефон и сте гејмери, тогаш мора да ја погледнете оваа листа. П.с. Игрите би требало да работат на сите понови телефони од 2014-та и 2015-та година...

Shadow Fight 2

Игра во стилот на Street Fighter и Tekken, но приспособена за паметните телефони. Имате различни комбоа и оружја, како и многу различни карактери за тестирање. Секое оружје го менува стилот на играње, што значи дека нема да ви здосади барем неколку часа...

Gangstar Vegas

Играта е некоја фузија од GTA и Saints Row, што значи дека комбинира реализам и забава. Имате цел отворен град (Лас Вегас), оружја, автомобили, авиони и уште многу други работи.

Injustice: Gods Among Us

Серијал кој истовремено се појави на конзолите и на паметните телефони. Играта има одлична графика, но ви дава и можност да играте како некои од најпопуларните супер-херои денес, на пример Бетмен или Супермен. Не смеете да ја пропуштите!

Modern Combat 5: Blackout

Ова е Call of Duty за паметните телефони. Всушност, ова е веројатно и играта со најдобра графика, мултиплеер и кампања, барем кога станува збор за мобилните уреди. Имате избор меѓу 5 класи на карактери, отклучувате оружја, мапи, ранкови...

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.