x

5 Android апликации за да ја зголемите вашата продуктивност!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 03 Јули, 2014 од GSM.mk

Да бидеме реални, времето не е на наша страна. Секогаш исполнуваме рокови и планираме активности во брзање. Заради тоа, решивме да го организираме вашиот живот!

aCalendar Android Calendar

Прва на листата е овој календар кој може да го замени оригиналниот што доаѓа со вашиот уред. Иако има застарен дизајн, сепак поседува голем број на функции како NFC, споделување на бар-кодови, различни бои за настани и слично.


Cal Calendar

Доколку ви треба нешто функционално и убаво на изглед, тогаш ова е апликацијата за вас. Главен дел завзема дневниот преглед, поседува одличен дизајн, интеграција со Any.do Talk List и нема никакви реклами и банери.

Evernote

Апликација која веруваме повеќето ја знаат и тоа со причина - дефинитивно е една од најдобрите. Постои интеграција со повеќе различни уреди и платформи, можете да фаќате забелешки, да ги синхронизирате сите ваши податоци, да правите to-do листи и многу повеќе!


Google Drive

Следен на нашата листа е овој облак за чување на податоци, каде што добивате 15GB бесплатно и неограничен простор за само 10 долари/месечно. Исто така е интегриран со Google Docs, Google Sheets и Google Slides за да креирате, едитирате и менаџирате документи и презентации.


RescueTime

Оваа апликација ќе ви помогне да пресметате колку време трошите на различни апликации и активности во вашиот живот. Апликацијата автоматски мери колку време се задржувате на одреден сервис или апликација и откако ќе ги идентификувате главните виновници, можете да започнете да си го средувате животот!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.