x

5 Android апликации за да ја зголемите вашата продуктивност! (vol.2)

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 11 Јули, 2014 од GSM.mk

Ја продолжуваме нашата листа на апликации кои ќе ви помогнат да заштедите време и подобро да си го организирате животот. Доколку имате ваши предлози, слободно пишете ги во коментарите за следната листа!

IFTTT

Станува збор за апликација која ги автоматизира различните активности што ги правите со телефонот. На пример, можете автоматски да направите да се зачувуваат податоци, автоматски да се отвараат апликации и голем број на други функци.


Microsoft Office

Microsoft ретко нуди нешто бесплатно, така што треба екстремно да го цениме тоа. Добивате пристап до PowerPoint, Excel и Word директно на нашите телефони, со тоа што мора да напоменеме дека апликацијата сеуште е во бета верзија и има свои багови.



Time Recording – Timesheet app

Ова е одлична апликација која води сметка за секоја активност што ја правите, вклучувајќи параметри како вашата локација, колку долго работите, па дури и колку сте заработиле за тоа време. Податоците можете да ги експортирате во Excel формат.


Todoist

Уникатен и забавен начин за извршување на секојдневните активности. Можете да соработувате, да споделувате задачи и да ги синхронизирате сите информации на останатите ваши уреди.


Wunderlist – To-do and Tasks

Последна на листата е Wunderlist, едноставен и практичен начин за менаџирање на сите ваши обврски и активности. Има убави теми, но освен тоа ќе ве „напне“ се додека не ги завршите сите ваши задачи, што секако е позитивно нешто!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.