x

5 финтици за Google Maps

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 17 Ноември, 2018 од GSM.mk

Неколку корисни совети кои ќе ви го олеснат користењето на Google Maps:

Проверете го растојанието помеѓу две локации

Доколку го користите Google Maps на прелистувач, можете едноставно да го проверите растојанието помеѓу било кои две локации. Со десен клик кликнете било каде на мапата и одберете ја опцијата Measure Distance. Потоа, кликнете на другата локација која ви е потребна, за да го измерите растојанието помеѓу нив.

Дознајте го времето на чекање во било кој ресторан

Доколку немате резервација, а сакате да отидете во некој ресторан, можете да го дознаете времето на чекање, односно колку време луѓето се задржуваат во рестораните. Во вашиот прелистувач или на Maps апликацијата за iOS или Android побарајте го расторанот. Потоа, скролнете надоле до листата Popular Times и проверете колку време во кој дел од денот луѓето се задржуваат во тој ресторан.

Вметнете повеќе од една дестинација

Google Maps претежно го користиме за патувања од точка А до точка Б, но може да вметнете и неколку точки помеѓу почетната и финалната дестинација. Притиснете ја плус иконата под вашата дестинација, а на Android и iOS само притиснете ги трите хоризонтални линии во горниот денес агол и одберете Add Stop.

Проверете колку долго ќе се возите со велосипед

Кога патувате со велосипед, постојат иритантни работи како средба со рампа или ѕид или препреки како на велосипедската патека на кејот на Вардар во Скопје кај галијата. За точно да ја испланирате рутата, наместо ипатства за автомобили, одберете ја опцијата за велосипед. Ќе видите и график кој го покажува нагибот на теренот на секој дел од рутата, како и алтернативни патишта кои ќе ве доведат до дестинацијата.

Проверете каде сè сте патувале

Google Maps ве следи каде и да одите. Информациите за вашите патувања може да ги видите тука. Доколку ве исплаши количината на деталите кои Google ги знае за вас, само одберете ја опцијата Manage Location History и таму спречете го следењето на вашата историја на движење.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.