x

5 милиони фалични iPhone-и вратени на Foxconn!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Април, 2013 од GSM.mk

Кога iPhone 5 започна да се продава минатиот септември, постоеја голем број на поплаки дека уредот пристигнал оштетен во рацете на купувачите. Apple не сакаше да се согласи со нивното тврдење тогаш, но можеби работите се менуваат..

Последната пратка на iPhone-и од страна на производниот партнер на Apple, Foxconn, беше одбиена од страна на компанијата. Се шпекулира дека пратката содржела помеѓу 5 и 8 милиони уреди. Засега не знаеме што било фалично во телефоните или за кој точно модел станува збор (16 GB, 32 GB, 64 GB).

Foxconn веќе има изјавено во минатото дека е екстремно тешко да се произведува iPhone 5 и дека се соочува со голем број на компликации. Ова е досега најголемата пратка на нови телефони вратена на тајванскиот производител. Очигледно е дека телефоните мора да биле многу оштетени, што Apple се одлучил на ваков драстичен чекор.

Враќањето на пратката е голем удар за Foxconn. Еден iPhone 5 чини околу 200 долари за да се произведе, па ова претставува загуба од 1,6 милијарди долари за тајванската компанија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.