x

5 најчудни Android уреди!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 04 Септември, 2016 од GSM.mk

Знаеме дека Android оперативниот систем се инсталира насекаде, па решивме да се „помачиме“ и да ги најдеме оние уреди каде што најмалку би очекувале да го сретнете овој оперативен систем...

1. Samsung RF4289HARS

Како ви звучи да имате фрижидер со Android? Екранот ви покажува колкава е внатрешната температура на фрижидерот, имате посебни сетинзи за правење на мраз, локалното време и прогноза, како и Pandora Radio. Можете да ги внесете и роковите на користење за производите, со што ќе ве извести кога треба да ги замените...

За цена од 3,699 долари...не, фала! :)

2. VizualLogic Headrest System

Како што забележувате на сликата, потпирачот за глава во кола е трансформиранво 7 инчен таблет со ужасни спецификации - процесор со едно јадро кој работи на 1GHz, 512MB RAM и 4GB меморија, надополнет со Android 2.3

3. Touch Revolution машина за перење

Покрај стандардните функции на машината, добивате уред со Wi-Fi, USB, ethernet и акцелерометар. Веројатно можете да гледате филмови или да играте Asphalt 8 додека се перат вашите алишта...

4. Viewsonic ViewPad 10pro

Овој таблет работи на Windows 7, кој преки виртуелизација ви овозможува да работите на Android 2.3. Кој би сакал да работи на Android преку емулатор и да плати 600 долари за тоа, навистина не ни е јасно...

5. Фиксен телефон на Huawei со Android

Во минатото, Huawei произведе фиксен телефон со инсталиран Android 2.2. Се појави на неколку видеа и потоа го снема од лицето на земјата. Која е логиката да ставиш МОБИЛЕН оперативен систем на фиксен телефон?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.