x

5G Huawei Mate 20 X ќе има изненадувачки мала батерија!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Април, 2019 од GSM.mk

Huawei подготвува два смартфони со 5G технологија. Поскапиот од нив е Mate X кој ќе биде на преклопување и достапен во лимитирани количини, а другиот е Mate 20 X..

Обичниот модел ќе доаѓа со систем од три камери на задната страна кои ќе нудат импресивни фотографии при ниска светлина. Покрај тоа, ќе работи на новиот Kirin 980, кој во однос на перформанси е сличен со Snapdragon 855. Од останати спецификации ќе има 6GB RAM, голем, 7.2 инчен OLED панел и голема батерија со 5,000mAh и брзо полнење.

Досега, Huawei Mate X варијантата требаше да доаѓа со речиси исти спецификации. Но, наместо батерија од 5,000 mAh, како неговиот 4G придружник, овој модел ќе има значително помала батерија, со капацитет од 4,200 mAh. За да се "оправда" за помалата батерија, уредот ќе доаѓа со брзо полнење. Слично како Mate 20 Pro и Mate 30 Pro, уредот ќе нуди полнење до 70% за само 30 минути.

Батеријата од 4,200 mAh нуди одлични перформанси кај Mate 20 Pro и Mate 30 Pro, но овие уреди имаат и многу помали екрани - 6.4 и 6.5 инчни. Останува да видиме како иста ваква батерија ќе се покаже со помоќни спецификации и поголемиот дисплеј кај Mate X...

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.