x

5G телефонот на LG пристигнува следниот месец со Snapdragon 855!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Јануари, 2019 од GSM.mk

5 месеци откако прв пат слушнавме за 5G уредот на LG, компанијата сподели дека официјално ќе се запознаеме со него за време на MWC настанот..

Станува збор за премиум смартфон, кој во внатрешноста ќе доаѓа со неодамна најавениот Snapdragon 855. Овој процесор ветува до 45% подобри перформанси од оние на минатогодишниот Snapdragon 845 и истотака е многу поефикасен.

Кога сме кај внатрешните спецификации, LG потврди батерија од 4,000mAh, која е 20% поголема од онаа во V40 ThinQ со капацитет од 3,300mAh. Последната каратеристика која компанијата ја потврди за уредот е дека ќе поддржува 5G технологија. 

Како што рековме, претставувањето на уредот го очекуваме на MWC 2019 настанот, кој ќе се одржи во февруари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.