x

6 нови работи во Android 6.0!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 05 Септември, 2015 од GSM.mk

Како што се доближува есента, се поблиску е датумот кога ќе ја добиеме новата верзија на Android 6.0, која го носи името Marshmallow. Да погледнеме кои се најголемите новости...

1. Android Pay

Android 6.0 е првата верзија со Android Pay, одговорот на Google за популарните Apple Pay и Samsung Pay. Споредено со конкурентите, Android Pay ќе биде достапен на сите телефони со Android, додека пак Apple и Samsung се ограничени само на нивните уреди.

2. Подобрениот Google Now

Виртуелниот асистент на Google сега е уште попаметен. Постојат нови контекстуални команди - на пример, доколку слушате песна и само прашате „кој е пејачот“, тогаш Google Now ќе ја анализира песната и автоматски ќе ви го прикаже. Ова е само мал дел...

3. Пермисии за индивидуални апликации

Ова беше ахиловата пета кај Android, бидејќи пермисиите мораа да бидат целосно прифатени пред да се инсталира апликацијата. Сега, тие се поделени според сензори, камера и локација.

4. Вградена поддршка за скенер на отпечатоци

Во комбинација со Android Pay, конечно имаме нативен систем за безбедност на нашите телефони и таблети со Android. Досега, секој од производителите имплементираше свој систем, но Google ја превзема контролата.

5. Doze

Новата функција Doze овозможува оперативниот систем да препознае кога уредот „одмара“, а со тоа да ги изгаси сервисите во позадина и да заштедите на батерија. Иако е таргетиран кон таблети, сепак корисниците велат дека и телефоните имаат подобрување во издржливоста на батеријата.

6. Индивидуални контроли за звук

Можеби не ви изгледа како многу, но сега имате можност индивидуално да го местите звукот за посебни апликации, музика, аларми и рингтон. Секако, тука е и генералната опција доколку сакате едноставност...

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.