x

6.1 инчен Apple iPhone уред со две SIM картички ќе биде достапен само во Кина!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Август, 2018 од GSM.mk

Минатата недела, дознавме дека Apple планира да претстави нов iPhone уред со две SIM картички, а сега имаме повеќе информации за смартфонот:

Сега за сега, се зборува дека или 6.1 инчниот LCD iPhone модел (iPhone 9) или 6.5 инчниот iPhone X Plus ќе биде носители на две SIM картички. Најновите информации открија дека трите iPhone модели кои ги очекуваме следниот месец се познати под кодовите 801, 802, 803 и 804. Тоа се четири бројки за три уреди. Интересно. 

Се зборува дека 801 и 802 моделите ќе бидат 5.8 инчниот и 6.5 инчниот OLED iPhone уред. Тоа значи дека 6.1 инчниот LCD модел, iPhone 9, е познат и како 803 и како 804. Една од тие верзии ќе доаѓа со две SIM картички и за жал, ќе биде достапна само во Кина.

Причината за тоа е што кинеските корисници, за разлика од останатите Apple фанови, сакаат да имаат две линии поврзани на нивните смартфони. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.