x

Dropbox го купува Audiogalaxy

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 17 Декември, 2012 од GSM.mk

Dropbox е новиот сопственик на Audiogalaxy, компанија од Сиетл која нуди услуги за стриминг на музика

Од Dropbox не коментираат ништо околу оваа голема зделка, како и плановите поврзани со неа. Од Audiogalaxy споменуваат дека се премногу возбудени од можноста да обезбедат нови искуства за корисниците на Dropbox. Од оваа најава може само да се погодува дека се работи за некоја нова музичка услуга од ова компанија, без разлика каква точно ќе биде таа. Од Audiogalaxy веќе не регистрираат нови корисници, но оние кои веќе имаат направено регистрација може да ги користат услугите до 31 Декември.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.