x

Windows Phone 7.8 апдејт за Nokia Lumia 900

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Декември, 2012 од Бошко Лазаровски

Nokia се подготвува да пушти Windows Phone 7.8 апдејт за Nokia Lumia 900

Ова го знаеме според серверите за апдејт на Nokia ( сликата подоле ), на која е прикажан апдејт на софтверот во верзијата 8858. Се работи за RM-823, која е интернационална, не - AT&T верзија. Овој апдејт е со големина од околу 383.85 MB.

Според сликата, има доста земји во кои ќе биде пуштен апдејтот, како: Австрија, Белгија, Финска, Индиа, Португалија, Шпанија, Швајцарија и многу други.

Па што ќе биде променето во овој апдејт ? Овој апдејт нуди очекувани промени, како што се променливи големини на живите наслови, Bing позадина, нов екран при вклучување и нова позадина.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.