x

Acer го претстави првиот таблет со Chrome OS

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 28 Март, 2018 од GSM.mk

Компанијата Acer го претстави новиот производ Acer Chromebook Tab 10 и со него упати сериозно предупредување до Apple, кој се очекува денес да го промовира новиот iPad.

Chrome OS досега можеше да се види на лаптопи, десктоп компјутери и 2-во-1 уреди, но сега пристигна и првиот таблет со новиот оперативен систем.

Се работи за таблетот Acer Chromebook Tab 10, кој претставува ривал на iPad на компанијата Apple. Тајмингот на Acer е совршен, бидејќи денес треба да биде претставен и новиот, поевтин iPad кој Apple го замисли како помагало во образовниот систем.

Tab 10 доаѓа со 9,7-инчен екран со резолуција од 2.048х1.536 пиксели, предна и задна камера, OP1 процесор, 4 GB RAM, 32 GB внатрешна меморија, USB-C порт, MicroSD слот и батерија која трае девет часа.

Она што е посебно интересно е тоа дека овој уред доаѓа со пенкало кое работи на тачскринот, а кое е произведено од компанијата Wacom. На пенкалото не му е потребно батерија ниту пак дополнително полнење.

Таблетот ќе се продава по цена од 329 долари, онолку колку што моментално чини основниот модел на iPad. Од друга страна, денеска се очекува Apple да претстави нов iPad кој ќе биде поевтин, околу 259 долари, но ако сакате и пенкало со него, тогаш ќе мора да платите додатни 99 долари. Неговото пенкало мора да се полни и да се држи одвоено од iPad-от.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.