x

AGM X3 прогласен за најдобриот телефон за патување со Snapdragon 845 и JBL аудио

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Септември, 2018 од GSM.mk

Покрај Galaxy S9 Active, ретко слушаме за други солидни телефони со Snapdragon 845. Деновиве беше претставен AGM X3 - одличен уред и придружник за вашите патувања..

X3 доаѓа со 5.9 инчен 2160x1080 FHD+ дисплеј заштитен со Gorilla Glass 5. Како што рековме, во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 845, придружен од 6GB/8GB RAM и 64/128/256GB меморија. Покрај овие моќни спецификации, уредот има две камери на задната страна, една од 12 и друга од 24 мегапиксели, додека селфи камерата е од 12 мегапиксели. Работи на батерија од 4100mAh со безжично полнење. 

Благодарение на Snapdragon 845, X3 има слични бенчмаркинг резултати како голем дел од најдобрите телефони достапни на пазарот, како Galaxy S9. Единствениот "лош" дел е неговото дебело тело, но високиот тело-дисплеј сооднос го прави лесен и покомпактен за користење. 

Последно, друга интересна функција со која доаѓа X3, а ја има кај голем дел од модерните и популарни смартфони е Face Unlock. Нормално, има и обичен скенер за отпечатоци. Друга интересна работа е што има уште една верзија од AGM X3, која доаѓа со антена која го претвора во сателитски телефон, така што нема да ви биде потребен GPS систем. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.