x

Ако ги имате овие апликации - избришете ги веднаш

Категорија: Совети Објавено на 05 Ноември, 2021 од GSM.mk

Откриен е голем број на апликации кои се користени во кампања за лажење на корисниците преку СМС пораки.

Avast направи истрага во текот на која е откриено дека 151 апликација била поврзана со UltimaSMS кампања за мамење на корисници. Прва меѓу овие апликации е Ultima Keyboard 3D Pro по која кампањата го добила името.

Корисниците ја симнале оваа апликација повеќе од 10,5 милиони пати во повеќе од 80 земји. Целосната листа на отстранети апликации може да ја најдете ОВДЕ.

Google веќе ги забрани секоја од овие апликации во својата Play Store продавница. Секако, компанијата нема можност да ги избрише од уредите на корисниците, па се препорачува веднаш да ја избришат.

Апликациите биле инфилтрирани во тастатурите, скенери на QR кодови, програми за обработка на фотографии и видеа, филтери за камери, игри. Со помош на овие апликации имале пристап до локацијата на уредот, број на телефонот, мејл, за да одредат кој код и јазик да користат за да ви испраќаат пораки.

На корисниците им се појавувале понуди за претплата на премиум СМС сервиси кои чинеле и до 40 долари месечно.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45