x

Alcatel 3V (2019): Спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Ноември, 2019 од GSM.mk

Alcatel претстави уште еден буџетски уред - Alcatel 3V.

На 8 ноември, Alcatel најави нов буџетски уред кој е директен следбеник на минатогодишниот Alcatel 3V (2018). 

Иако станува збор за буџетски уред, овој модел има голем, 6.7 инчен дисплеј со резолуција од 720 x 1440 пиксели. Целосните димензии се од 174.5 x 83.3 x 8.4 и е достапен само во црна боја. На задниот дел се наоѓа скенерот за отпечатоци, заедно со две камери кои се од 16  и 5 мегапиксели. Селфи камерата е од 8 мегапиксели. 


Во внатрешноста на 3V се наоѓа Helio P22 со 3GB RAM и 32GB меморија. Една добра карактеристика е што има батерија од 4000mAh која ветува голема издржливост. 

Сега за сега, официјалниот датум на достапност не е познат.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.